Научете ги техниките на кроење и шиење на курс во рамките на „Џолев и Уметностите“ – стартува на 13. мај

3 мај 2019

Неформалното образование има се позначајна улога во градењето на конкурентноста на современиот пазар на труд. Затоа многумина се одлучуваат да го надоградат своето формално образование или едноставно да стекнат сосема нови вештини, токму преку прнципот на неформално образование.
Таков принцип на едукација, веќе осма година по ред, применува и школата "Џолев и уметностите" којашто креира и организира програми во вид на академии, курсеви и предавања од областа на уметноста, дизајнот и науки блиски на уметноста.

Во рамките на нивната програма на 13. мај стартува и курсот за Конструкција на облека со техники на кроење и шиење, под менторство на македонскиот креатор Никола Булески.

По тој повод разговаравме со основачот, менаџер и предавач на школата „Џолев и уметностите", Дејан Џолев и модниот креатор Никола Булески.

Разговорот го започнавме со прашањето околу нивниот став за функцијата на неформалното образование во услови на актуелната состојба на пазарот на трудот.

Дејан Џолев

-Не можам да кажам со сигурност каква е улогата на неформалното образование, но знам дека во иднина неформалното образование ќе игра значајна улога. За градењето на конкурентност на современиот пазар потребни се стручно образовани кадри. Тоа не подразбира кадри со неопходно академско високо образование туку кадри со специјализирано образование, вели македонскиот креатор Булески.

Никола Булески

А неговото лично искуство околу ваквиот механизам за „пополнување" на недостатоците на формалниот образовен сектор, вели....

- Со самото тоа што сум дел од ваков тип на образование го поткрепувам тврдењето дека неформалното образование може значително да ги пополни дупките кои се создадени со формалното образование. Факт е дека нашето формално образование затајува последниве неколку децении и не успева да создаде квалитетен стручен кадар. Нема да го бараме виновникот, туку едноставно ние се обидуваме да ги спознаеме недостатоците на формалното образование и создаваме програми кои ќе ги надополнат овие недостатоци. Со тоа ќе и помогнеме на индустријата да добие стручен кадар кој ќе одговори на нејзините барања.

Менторите се секако една од најзначајните алки во системот на образование.

- "Џолев и уметностите" е школа за уметност и дизајн којашто веќе осма година по ред креира и организира програми во вид на академии, курсеви и предавања од областа на уметноста, дизајнот и науки блиски на уметноста. Најзначајно и нескромно би додал дека школата располага со прекрасен тим на ментори, врвни професионалци во своите дејности и универзитетски професори. Булески е еден од бисерите во нашата школа, уживав во неговите часови уште како студент пред повеќе од десетина години, уживам и денес во професионалната соработка. Неговите часови се посебна магија, супер продуктивни и забавни, додава Џолев.

Околу сите детали и концептот на курсот, нè информираше менторот Булески.

-Целта на курсот е пренесување на моето знаење и искуство од областа на конструкцијата на облека, техниките на шиење и развој на производ. Целта ми е да обучам кадри кои имаат потенцијал и во блиска иднина да станат дел од производните компании. Концептот е едноставен. Со малку теорија и многу практична работа да се совладаат потребните вештини

Во однос на претходно искуство на курсистите, не постојат никакви ограничувања.

- За запишување на нашите курсеви не е неопходно образование ниту пак искуство во модата. Методологијата која ја користам е еднакво успешна и кај студентите со искуство и кај оние што за прв пат се соочуваат со оваа проблематика, вели Булески.

Тој додава дека преку овој курс, сите студенти ќе имаат можност најпрво да осознаат дали навистина ова е нивниот повик во идната професија или едноставно ќе им стане само хоби.

-Најважно е што ќе научат сами да изработуваат облека преку изучувањето на техниките за конструкција и шиење, додава Буле.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку електронска пријава која секој потенцијален учесник на програмата може да ја добие преку контактирање во директна порака на ФБ страната на "Џолев и Уметностите". Бројот на учесници е ограничен, всушност има само уште три слободни места.

Започнува на 13ти мај и опфаќа 8 термини, односно 24 часа програма која претставува комбинација од практични предавања, вежби за моделирање, кроење и шиење, се до изработка на финални парчиња облека.

Објавено:
3 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
893 пати