Кога станува збор за пролетните комбинации, голем дел од вниманието секогаш треба да е насочено кон вистинскиот избор на чевли кои се толку важни за супер изглед.
Во пролетната сезона можеме да експериментираме со обувките, но дури и тогаш, предност треба да ѝ се даде на удобноста.
Токму со овие чевли на кои им даваме акцент денеска, ќе ја украсите секоја комбинација, дури и оние наједноставните.
Веќе знаете дека панделките веќе доминираат на модната сцена оваа сезона, па сега истите ги носиме и на чевлите.
Балетанките полека, но сигурно се враќаат на сцената, овојпат во комбинација токму со панделките како детал и се пошармантни од било кога.
Голем дел од брендовите во нивната понуда веќе имаат огромен број модели од кои можете да бирате и да ги носите буквално со секоја комбинација што ќе ви дојде на памет.
Инфо и фото: Fashion.hr