Една од најстарите модни куќи за висока мода повторно на сцена

20 септември 2013

Олга

Една од најстарите француски модни куќи за висока мода Maison Irfe најавува враќање на сцената и тоа на модната недела во Париз. Куќата има и нов креативен директор, дизајнерката Олга Сорокина, која ја откри куќата и беше инспирирана од нејзината историја.

Инаку, Maison Irfe  е основана во Париз во 1924 година од Принцот Феликс Јусупов и неговата жена Ирина Романов, преубавата роднина на Николас II и омилената внука на Александар III. Брендот многу бргу почнува да се шири, па освен во Париз има ателјеа и во Лондон, Берлин и Нормандија.

Со Ирин која е амбасадор на брендот и муза, популарноста на модните парчиња многу бргу расте, а брендот создава линија од лимитирани изданија, создадени за четири категории за жени - русокоси, бринети, црвенокоси и жени со седа коса.

Што може да се очекува од новата колекција на овој бренд - парчиња чија цена ќе се движи од 590-2.500 долари.

Скица од колекцијата за пролет-лето 2014 Скица од колекцијата за пролет-лето 2014

„Колекцијата ќе го задоволи вкусот на вљубениците во модата. Ќе се користат авангардни технологии и  материјали за нејзина изработка. Кога почнав да ја работам мојата прва колекција за овој бренд, што беше пред 80 години, одлучив да работам како куќата да не престанала со дејноста“, изјави поранешниот модел Сорокина.

Ревијата ќе биде прикажана на 26.септември во рамки на модната недела во Париз.

Објавено:
20 септември 2013
Категорија: 
Актуел