Веќе знаеме дека ленот е еден од најудобните материјали за лето и речиси сите парчиња што се направени од истиот се нашиот прв избор секоја топла сезона.

Веројатно тоа го препознаа и популарните high street брендови па оваа сезона голем дел од нив вметнаа токму вакви парчиња во нивните летни колекции.

Ленените блузи и фустани се хит број еден ова лето, а покрај тоа што се супер пријатни за носење, истите можете да ги комбинирате со голем број модни додатоци, чевли, па дури и други материјали.

Сите парчиња од лен ќе бидат избор број еден за време на вашиот годишен одмор, а подеднакво привлечни се и како комбинација за на работа.

Покрај во познатите светли нијанси, оваа сезона парчињата од лен доаѓаат и во многу пастелни нијанси, а девојките сакаат да носат дури и костими од овој материјал.

Не двоумете се и доколку пронајдете некој стилски фустан од лен и истиот сакате да го носите за некоја свечена пригода, бидејќи веќе нема правила.

Во продолжение, погледнете дел од најпопуларните парчиња од лен од познатите брендови за оваа сезона.

Инфо и фото: Bonjour.ba 

Објавено:
27 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.908 пати