Класичните памучни боксерки се најчестиот избор за панталони за оваа сезона

15 јули 2022

Во текот на жешките летни денови сакаме удобност и лежерност, особено кога сме на одмор и нашата секојдневна активност вклучува одење од сместување до плажа, од плажа на кафе и обратно.

Во постојаната потрага по совршената лежерна комбинација за овие моменти, покрај вечниот избор на ленени и сатенски широки и удобни парчиња облека, градниците успеавме да ги трансформираме во сосема прифатливи топови, а памучните боксерки во најчест избор за панталони за летната сезона.

Фото: Pinterest

Ова секојдневно парче облека е несомнено едно од најудобните, а со тоа е и едно од најомилените за многумина. Во комбинација со едноставен топ на прерамки, памучна маичка, предимензионирана кошула и меки мокасини, дури и „најобичните" модели на памучни боксерки можат да изгледаат совршено елегантно.

Фото: Pinterest

Голем број на брендови веќе продаваат готови комплети од боксерки и кошули или маички, а изборот на бои и дезени е бескраен. Ова се неколку примери како да ги носите вашите памучни боксерки ова лето.

Фото: Pinterest

Објавено:
15 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
488 пати