Комбинации со Авиатор јакни кои ќе ги носиме оваа есен

6 октомври 2022

Вечниот шарм на Авиатор јакните повторно во фокусот оваа сезона.

Постојат одлични причини зошто Авиатор јакните уживаат статус на безвременска класика и зошто се едни од најомилените типови на јакни за есенските месеци кај секој кој ја сака модата и знае како да го препознае квалитетот.

Фото: Pinterest

Удобноста, топлината и лесниот начин да се стилизира во различни комбинации, ја прави Авиатор јакната уникатен избор за кој речиси и да нема замена. Чувството кое го имате кога ја носите е како да не сте го напуштиле вашето омилено удобно ќебе дури и кога сте далеку од дома.

Фото: Pinterest

Ова сестрано парче облека изгледа одлично со пантолони, здолништа, фармерки, џемпери, кошули, чизми, патики или салонки, што го прави совршен избор за на работа, како и за излегување на кафе со пријателите, па дури и за прошетка во природа во постудени предели.

Фото: Pinterest

Во прилог ви прикажуваме неколку одлични инспиративни примери од комбинации со Авиатор јакни кои ќе ги носиме оваа есен.

Фото: Pinterest

Објавено:
6 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.235 пати