Верица Ракочевиќ направи венчавка на сплав со тамбураши

20 септември 2013

65 годишната дизајнерка Верица Ракочевиќ се омажи по трет пат. Таа го кажа судбоносното „да“ со 35 години помладиот избраник Вељко Кузманчевиќ. Како што пренесуваат српските медиуми прославата се случувала  на сплавот „Сплеј“, а младенците пристигнале откако сите поканети гости биле на местото на случувањето.

Брачниот пар и нивните најблиски меѓу кои и неколку познати личности, се забавувале на музиката од тамбураши, пловејќи по реката Сава. На третата вечнавка на Ракочевиќ присуствуваа: Тијана Дапчевиќ, Леонтина Вукомановиќ, Бранка Џајиќ и уште неколку славни личности, синот на Верица, Миодраг, додека ќерките Елена и Милена не присутвувале поради неодложни службени обврски.

 

Што се однесува на венчаницата, невестата избрала кратка венчаница со топ во горниот дел, додека на нозете носи моторџиски црни чизми. Дизајнерката откако ја објави свршувачката беше честа тема низ содржините на српските медиуми,  по што таа изјави:

-Не е страшно што до себе имам некој што ме сака и кого јас го сакам. Многумина велат дека можам да му бидам мајка, можам и баба, но што тоа вас ве интересира?, изјавува Верица.

Таткото на малдоженецот Таткото на малдоженецот

Објавено:
20 септември 2013
Категорија: 
Актуел