Во каква венчаница дизајнерите ја замислуваат девојката на Ѓоковиќ

3 декември 2013

Serbian tennis player Novak Djokovic and his girlfriend Jelena Ristic pose for photographers as they arrive at a fundraising dinner for the Novak Djokovic Foundation in London

Откако српските, а и светските медиуми ја објавија веста за веридбата на Новак Ѓоковиќ и неговата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ, сега во центарот на вниманието е венчалниот фустан на идната невеста.

Додека таа се одлучи за тоа каков фустан ќе носи на еден од најважните денови во нивните животи, српските дизајнери подготвија интересни предлози. Во продолжение погледнете како познатите српски дизајнери ја замислуваат Јелена на денот на венчавката:

Верица Ракочевиќ

verica rakocevik

-Со оглед на тоа дека сопругата на Новак ќе биде во центарот на светските случувања на денот на венчавката, а знаеме дека господинот Новак е голем патриот, сметам дека венчаницата со етно мотиви на ова поднебје би била мошне впечатлива. На мојот цртеж е означен вез карактеристичен за Косово, а фустанот би бил изработен од свила и вез од Призрен, од каде и тенисерот потекнува.

Муслин свилата и завршетоците од тантела се мое видување на овој венчален фустан. Јелена е секогаш децентно и сведено облечена, така што фустан кој би имал многу детали би отскокнувала од нејзината естетика. Тулот од кој е направен велот би требало да биде од цврста свила - вели Верица, а пренесува српски Блиц.

Марија Шабиќ

Marija

-Венчаницата за Јелена Ристиќ би требала да биде со едноставен, сирена крој, за да ја истакне нејзината манекенска фигура, со рачно везени апликации од тантела, богато украсена со кристали.

Фустанот би се ширел од колената надолу, во богати набори, а позади би продолжил во шлеп. Длабокиот израз на грбот и рацете покриени со транспарентен тул, би ја нагласиле романтичната убавина на Јелена - смета креаторката Шабиќ.

Милан Зејак

Milan

Во прашање е фустан кој со горен, архитектонски решен дел и долен раскошен дел би го споил настојувањето Јелена (посебно во западните медиуми) да се прикаже како „IT girl“ со традиционалните очекувања на домашната јавност и кој би можела Јелена одлично да го износи, особено имајќи ја предвид нејзината складна градба - е замислата на Милан.

Марина Миловановиќ

Марина

Јелена е девојка со префинет вкус и бидејќи често ги бира моделите на Армани за црвениот килим, нејзиниот избор за венчавка треба да биде сличен на тоа. Убавината е во едноставноста - е мислењето на Марина.

Валентина Обрадовиќ

Valentina

Венчаницата на Јелена ја гледам како фустан за Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“. Сличноста во типот на градба и симпатичноста на ликот ме упатуваат на сличноста со стилот на оваа актерка. Во склад со тоа, предлагам модел на фустанот од скицата. Таа благо ја прати линијата на телото и има интересен ѓердан. Грбот е отворен и на него се наоѓа панделка од плишан муслин, чии краеви се продолжуваат во шлеп. Не ја гледам Јелена со карнери, тантела, затоа што, ќе ја цитирам Одри Хепберн „Елеганцијата е единствена убавина која никогаш не бледее“.

Објавено:
3 декември 2013
Категорија: 
Сцена