Четврток во целосно бела комбинација
•
30 мај 2019
Претпоследниот ден од работната недела уживаме во целосно бела комбинација. Носиме широки бели панталони со висок струк и ги комбинираме со блузичка во иста нијанса со откриени рамена.
Комбинацијата надополнете ја со сандали на висока потпетица и мини црна чантичка која совршено одговара со останатите парчиња.
Што се однесува до модните додатоци, единствено носиме очила за сонце, а доколку сакате украсете ја дополнително со накит по ваш избор.
Имајте убав ден!