Јунска улична мода во Скопје

10 јуни 2019

Иако календарски сè уште го очекуваме, сепак со оглед на температурите веќе е лето.
А летна е и уличната мода низ градот.

Лесна и лежерна облека, цветни мотиви и пастелни бои, се најчестата глетка низ скопските улици денеска, а за тоа посведочи и нашиот фотообјектив.

Она што нам особено ни се допаѓа е кога велосипедот е дел од животниот стил на нашите сограѓани, па таквата комбинација ќе ја посочиме како безвременска.

Ѕирнете каква беше денешната улична мода во центарот на градот.

 

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
16.314 пати