Фотографии во кои ќе уживате: Pitti Uomo во Фиренца е зенитот на машкиот моден свет

13 јуни 2019

Фиренца, инаку градот кој дише во духот на уметноста, деновиве е зенитот на машкиот моден свет.
Периодов тука се одржува традиционалниот и престижен саем на машка мода, Pitti Uomo, што е сериозен предизвик овде да допатуваат најдотераните мажи од целиот свет.

Романтичните улички низ градот се исполнети со шармот и елеганцијата на најстилизиранте мажи, кои се дефиниција за џентлмен – и по стасот, ставот и по прашање на воспитувањето и личниот животен стил.

Тенденцијата што се забележува последните неколку сезони на Pitti Uomo, е тоа што ако порано доминантен избор беа триделните одела, надополнети со префинети детали, сега некако се чувствува растеретеност од таа естетика и подеднакво внимание се посветува и на полежерниот стил близок до уличната мода.

Еве како изгледаат улиците на Фиренца деновиве...

Фото: GQ

 

 

Објавено:
13 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
529 пати