Волшепство на танцот на ИКС ДЕНС

15 јуни 2019

Класичен балет, современ танц, неокласика, карактерен танц, модерен и спортски танц ќе бидат застапени на ИКС ДЕНС 2019, меѓународен натпревар во кореографија кој ќе се одржи в понеделник и вторник, 17-ти и 18-ти јуни во Македонскиот Народен Театар во Скопје.

Натпреварот започнува во понеделник од 12 ч. Ќе земат учество балетски уметници и танчери од Русија, Англија, Италија, Финска, Израел, Украина, Таџикистан, Босна и Херцеговина и Македонија.
Претседател на реномираното меѓународно жири на Икс Денс 2019 е легендата на рускиот балет, Борис Акимов од театарот Бољшој од Москва.

На најдобриот учесник ќе му биде доделена наградата Гран При, парична награда од 1000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.

Публиката ќе може да ужива во највпечатливите кореографии и прекрасни костими на Гала концертот, кој ќе се одржи во вторник, во МНТ од 19 ч.

Влезниците за натпреварот и за Гала концертот се во продажба онлајн и на билетарата на МНТ по цена од 200 денари.

Објавено:
15 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
134 пати