Синди Крафорд покажа вежби за совршено тело во домашни услови

15 јуни 2019

Фантастичниот изглед на Синди Крафорд и во шестата деценија од животот не е резултат само на генетика или здрава исхрана.

Моделот не крие дека секојдневно вежба, а своевремено беше и фитнес модел и се појави на неколку ДВД изданија.

На својот инстаграм профил од време на време ќе сподели некоја од вежбите, одлични за целото тело. Неделава на изминување сподели токму една таква.

Во видеото Синди користи клупа и тег. Со едната нога стапнува на клупата, рацете се испружени нагоре со кетелбел во рацете. Во моментот кога ја крева другата нога кон градите, ги спушта рацете кон стомакот. За сето време на изведување на вежбата, стомакот треба да е стегнат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) onJun 12, 2019 at 9:33am PDT

 Оваа вежба е одлична за одржување баланс, сила на телото, задникот, нозете, рамениците, стомакот...

„Вежбањето е посебно важно кога сте повозрасни. Подигањето тежина не само што ви помага да ги заштитите вашите коски, туку и помага при редуцирање на болките во грбот и го подобруваат здравјето на мозокот. Ништо помалку важни не се и кардио вежбите. Понекогаш кардио вежба може да биде скокање на трамполина, а понекогаш трчањето. Јас често знам да одам по скали од дома до плажата, тоа е одлична вежба. Понекогаш ќе пуштам музика и 20-тина минути трчам по скалите нагоре и надолу“, вели Крафорд.

Комбинација од овие вежби ѝ помагаат да го одржи телото витко, а здравјето добро.

Во продолжение уште две вежби кои можете да ги правите во домашни услови:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) onFeb 27, 2019 at 10:26am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) onDec 21, 2018 at 11:25am PST

 

 

Објавено:
15 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.737 пати