Фантастични и во шестата деценија: Кортни Кокс и Џенифер Анистон во бикини

20 јуни 2019

Кортни Кокс, кои повеќето ја знаат по улогата на Моника во „Пријатели“, неодамна го прослави 55. роденден. Во присуство на колешките од серијата, а воедно и другарки, Лиса Кудроу и Џенифер Анистон, во ресторан во Лос Анџелес органзираше средба. Откако Џенифер гостуваше кај Елен Деџенерис и откри дека е возможно „Пријатели“ повторно да се соберат, обожавателите со нетрпение очекуваат официјална потврда.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial) onJun 15, 2019 at 8:51pm PDT

Оттаму и заедничката фотографија на трите беше вест што дефинитивно го привлече вниманието на публиката ширум светот, но откако се појавија фотографии од најдобрите пријателки Кортни и Џенифер во бикини, коментарите не стивнуваат.

Кортни (55) и Џенифер (50) се снимени во Кабо Сан Лукас, Мексико, како уживаат во плажата и водата, а не може да не се забележи дека изгледаат фантастично и во шестата деценија од животот.

Папарацо фотографиите кои се појавија го потврдуваат тоа, а ние ви ги презентираме во продолжение:

 

 

Објавено:
20 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.187 пати
Извор: 
Popsugar