„Најк“ создаде патики што личат на пегла и ги налути жените

25 јуни 2019

Откако добија бројни позитивни коментари за плус-сајз куклите за спортска опрема, „Најк“ овој пат се соочија со критики.

Причината за тоа е најновиот женски модел патики „Ер Макс ФФ 720“ кои многумина ги потсетува на пегла.

„Сигурна сум дека овакво нешто ќе смислат и за мажите“ саркастично прокоментира портпаролката на феминистичката група „Not Buying It“, а пренесува „Дејли Мејл“.

„Сега ќе носиме патики инспирирани од пегла? Вау!“ „Ништо погрдо немало во последно време“, се само мал дел од коментарите што можат да се сретнат и на „Твитер“.

Голем број жени сметаат дека моделот е грд естетски, а тоа што потсетува на пегла го наоѓаат како мошне навредливо. Но, интересно е што и мажите се согласуваат дека ваквиот чекор на „Најк“ е катастрофален.

Од „Најк“ сè уште не се огласиле по повод новиот модел, кој од минатата недела официјално е и во продажба, како и по повод и реакциите кои не се ни малку убави.

Што мислите вие?

Како вам ви изгледаат патиките?

Објавено:
25 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
517 пати
Тагови: 
Најк патики пегла