Бекамови со приватна турнеја низ Версај ја прославија годишнината

5 јули 2019

Дејвид и Викторија ја прославија 20 – годишнината од бракот со приватна турнеја низ палатата Версај, а двојката постојано објавуваше фотографии од прошетката на социјалните мрежи.

За луксузната турнеја, познатата дизајнерка одбра стилски бел фустан од нејзината колекција дополнет со високи потпетици во црвена нијанса и суптилен накит.

Нејзиниот сопруг, прекрасниот Дејвид Бекам како и секогаш беше пример за елеганција во црн костим со бела кошула и црна вратоврска.

По Лувр и Ајфеловата кула, палатата Версај е третата најпопуларна туристичка атракција во Франција и заштитена од УНЕСКО.

Приватна турнеја низ палатата чини 897 долари за група од 20 луѓе, со мали закуски вклучени во цената.

Дизајнерката се пофали со приватната турнеја, виното и специјалитетите што ги јаделе, велејќи дека честа била огромна што им било дозволено да уживаат во таков магичен момент.

Тие имаа и семејна прослава со четирите деца по повод 20 – годишнината, а социјалните мрежи вчера беа полни со нивни фотографии со кои заедничките пријатели им го честитаа јубилејот.

Погледнете како изгледа кога Бекамови одат на приватна турнеја низ Версај.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
5 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.719 пати