Викторија и Дејвид Бекам прославија 19 години брак

5 јули 2018

Овие денови повторно почнаа да кружат гласини дека Дејвид и Викторија се разведуваат, но уште еднаш тие со слатки фотографии ги отфрлија истите.

Имено, тие вчера ја прославија 19 годишнината од бракот со исполнет ден во парк во Лондон, по што уживаа во заедничка вечера од која споделија фотографии на социјалните мрежи.

Модната дизајнерка и поранешниот фудбалер на фотографиите изгледаат навистина вљубено, облечени во слична комбинација составена од бели блузи и фармерки.

Фотографиите од среќната двојка беа објавени само неколку дена откако некои медиуми повторно ги почнаа шпекулациите дека тие се разведуваат, за што нивните портпароли посочија дека воопшто не е точно.

„Ништо од ова не е точно. Нема ниту развод, ниту караници, само лажни вести по медиумите“, изјави портпаролот на Викторија.

Тие почнаа да се состануваат во 1997 – та година, а во 1999 се венчаа. Тие имаат четири деца, Бруклин, Ромео, Круз и малата Харпер.

На Самитот на Форбс што се одржа неодамна во Њујорк, таа говореше за нејзиниот сопруг и децата на најсладок начин.

„Имам огромна поддршка од мојот неверојатен сопруг. Ние навистина сме еднакви во сè што правиме дома, во готвење, средување, време поминато со децата... Кога сум на службен пат, тој ги носи на училиште и им готви“, изјави дизајнерката тогаш.

Извор и фото: Daily Mail, Instagram

Објавено:
5 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.540 пати