Сега е вистинско време да направите сочен колач со праски, бидејќи можете да ги најдете буквално секаде, посочни и повкусни од кога и да е.
Покрај тоа што секое лето обожаваме да ги јадеме свежи, постојат прекрасни рецепти во кои можете да ги вметнете и да направите совршен десерт.
Ако на и онака вкусните праски им додадете карамела и сочно тесто, тогаш имате полн погодок и забава за целото семејство.
Потребно:
-3/4 путер
-Пола шолја кафен шеќер
-Две, три излупени и исечени на кришки праски
-Пола шолја бел шеќер
-Едно јајце
-Малку екстракт од ванила
-Шолја и половина брашно
-Половина прашок за пециво
-Пола лажичка сол
-Пола шолја млеко
Подготовка:
Најдете соодветно кружно тавче во кое ќе ја печете тортата и добро намачкајте го со путер. На дното, ставете малку кафен шеќер и добро наредете ги кришките праски така што ќе го покриете дното. На страна, добро измешајте го путерот и белиот шеќер додека смесата не се соедини. Потоа, додајте го јајцето, екстрактот од ванила, брашното, прашокот за пециво и млекото и добро промешајте. Смесата ставете ја врз праските и печете на 180 степени околу 40 минути. Извадете го колачот од тавата и превртете го така што да се гледаат праските. Послужете со сладолед!
Добар апетит.