Неодоливи чоколадни колачиња со јагоди

14 февруари 2018

Доколку имате планови за вечерва и сакате да го изненадите партнерот/партнерката или сепак пријателите, во продолжение ви даваме предлог за еден превкусен и лесен рецепт со многу чоколадо:

Потребни состојки:

1/2 шолја путер, 250 грама чоколадо, искршено на парчиња, 3/4 шолја шеќер, 2 јајца, 1 лажица екстракт од ванила, 1/2 шолја брашно, 1 лажица прашок за печиво, прстофат сол, половина килограм јагоди (или малини или некое друго овошје) и уште 250 грама чоколадо, исто така искршено на парчиња.

Подготовка:

На тивок оган стопете ја првата половина од чоколадото и путерот и оставете да се излади. Изматете ги шеќерот и јајацата, а во друг сад помешајте го брашното, прашокот за печиво и солта. Смесата со чоколадо и путер помешајте ја со онаа со јајцата, а потоа во таа додадете ја смесата со сувите намирници. 

Тестото ставете го подмачкан плек и печете во рерна загреана на 180 степени, 20-25 минути. Преку испечениот колач ставете го овошјето, а потоа истопете го остатокот од чоколадата и прелијте ја преку овошјето. 

Оставете го колачот да се лади 30 минути до час, а потоа послужете го со шлаг, вино, апетисани... 

Уживајте!

Објавено:
14 февруари 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
781 пати