Не знаеме дали ја отворивте сезоната на јагоди :), но доколку не сте го сториле тоа сè уште, можеби овој рецепт ќе ве инспирира.
Овој пат нашиот предлог е брз и вкусен рецепт, од три состојки, на кој веруваме никој нема да му одолее.
View this post on Instagram
Потребни состојки:
околу 200-250 грама чоколадо (може и чоколадни „зрна“, во тој случај ставете 250 грама или нешто повеќе)
околу 200 грама путер од кикирики (или бадем). Доколку немате таков, можете и обичен но тогаш ставете помалку, околу 150 (или нешто помалку ако не сакате да е премногу калорично).
6 големи јагоди, измиени и суви (да нема вода на нив)
Калап за лед (најдобро силиконски за поголеми коцки)
View this post on Instagram
Постапка:
Чоколадото и путерот ставете ги во мал сад и загрејте ги на ниска температура. Благо промешувајте додека не се стопат и не се добие мазна смеса (околу 6 минути). Тргнете ја смесата од шпорет и оставете малку да се излади.
Јагодите исечете ги на половина. Потоа смесата со чоколадо и путер наполнете го калапот за мраз, секоја коцка нека речиси полна, оставете малку простор, не ги преполнувајте, затоа што на крајот треба да ги додадете половинките јагода.
Потоа ставете ги во ладилник околу 30 минути да се стегнат, а потоа извадете ги и уживајте. За оние што ептен се по благото, можете да си додадете и сладолед или шлаг. Супер брз десерт се и за непланирани гости :) Односот на намирниците зголемете го во зависност од количеството што сакате да го добиете.