Утрово се разбудивме со малку облачно време и пониски температури за разлика од вчерашниот ден, па тоа може да биде совршена инспирација за да го одбереме омилениот фустан од нашиот плакар.

Денеска носиме прекрасно фустанче со бела основа, украсено со неодолив принт од колоритни листови по површината.

Иако истиот е на долги ракави, материјалот е доволно пријатен за да не ви биде жешко, а се чини дека во текот на целиот ден ќе уживаме во облаците.

Фустанчето без проблем комбинирајте го со удобни патики, чанта по ваш избор и широка насмевка!

Имајте среќна среда!

Објавено:
24 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.173 пати