Погледнете како изгледаше забавата по Еми наградите

24 септември 2013

Без разлика на тоа дали познатите личности добија или не некоја од престижните Еми награди, сите од прв до последен заминаа на гламурозната забава по доделувањето.

Вкупно 3.800 гости присуствуваа на гламурозниот бал, каде гостите уживаа во неверојатните коктели, прекрасните јадења како и лудите танци на подиумот.

Покрај централната забава, многу од познатите личности присуствуваа и на т.н „забава за губитници“ чии домаќини беа Ејми Фолер и Џон Хем, каде секој од гостите, односно оние што не добиле награда вечерта, мораа да платат 1.000 долари за да влезат, а парите беа наменети за децата сирачиња од целиот свет.

Погледнете како изгледаше гламурозната забава по доделувањето на Еми наградите и кои беа најдобрите моменти од истата.

Објавено:
24 септември 2013
Категорија: 
Сцена