Во потрага по инспиративни ликови што сакаме да ви ги презентираме, наидовме на Инстаграм профилот на Семи Џифкот, прекрасна блогерка со голема љубов кон тетоважите, модата и шминките.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@sammijefcoate) onAug 13, 2019 at 9:31am PDT

Оваа шармантна млада мајка од Британија веќе неколку години успешно води моден блог и канал на Youtube, а нејзиниот уникатен стил и љубов кон тетоважите се и повеќе од очигледни.

Во интервјуто за магазинот Le Buzz таа ќе каже дека нејзиниот блог и официјално започнал со работа во 2017 – тата година, по што следел и каналот на Youtube, за денеска да има повеќе од половина милион следбеници.

Таа е мајка на малиот и пресладок Кејси со кого сака да поминува најголем дел од времето, но како што вели, секогаш се обидува да најде момент и за себе.

„Мислам дека најважно од сѐ е да запамтите дека не сте само мајка, колку и да е таа улога благородна. Обидете се да одвоите време и за себе, дури и тоа да е за едноставни работи како бања, читање книга, ставање на маска. Понекогаш е тешко да останете трезвени, но ако си направите мали паузи за себе во денот, тоа многу ќе ви помогне“, вели Семи во интервјуто.

Нејзиниот стил е навистина интересен и впечатлив, а како што самата вели, шминките и облеката почнале да ја интересираат на 13 годишна возраст кога и почнала да експериментира.

Парчињата најчесто ги набавува од нови продавници што постојано ги открива, па токму затоа и секогаш изгледа супер уникатно и поразлично од сѐ она што можеме да го видиме на Инстаграм.

Како што може да забележите, таа негува огромна љубов кон тетоважите, а ќе каже дека повеќе не ги брои, туку само наоѓа причина за да стави нова. Нејзиниот омилен бренд е Гучи, што може и да се забележи од фотографиите, а парче без кое не излегува од дома е вереничкиот прстен на нејзиниот татко.

Погледнете ги фотографиите од оваа прекрасна девојка која е вистинска инспирација за супер стилски стајлинзи и шминка за секоја пригода.

Инфо: Le Buzz, 

Фото: Inkppl.com, Instagram/sammijefcoate

Објавено:
14 август 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
558 пати