Се снима серија за првите дами: Вајола Дејвис ќе биде Мишел Обама

27 август 2019

Телевизиската мрежа „Шоутајм“ најави дека се снима нова серија насловена „Првите дами“.

Проектот има за цел да се осврне на приватниот и политичкиот живот на некои од нajтаинствените херои. 

Првата сезона ќе го стави фокусот на Еленор Рузвелт, Бети Форд и Мишел Обама. За сега се знае дека улогата на Обама ќе ја толкува Вајола Дејвис, а кои актерки ќе се најдат во улога на останатите две дами за сега не е познато.

Автор на серијата е Арон Клуни, кој се потпишува и како извршен продуцент.

Од мрежата соопштуваат дека наскоро ќе бидат откриени и нови детали.

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
248 пати