Какво опавче одговара на вашиот облик на лице

26 септември 2013

Фризерите велат дека многу жени не знаат опавче да го доведат во рамнотежа со обликот на лицето. Целта при врзувањето на опавчето е креирање на илузија на овален облик со тексура и волумен на коса.

За оние што имаат округло лице:

округло

-Ако имате округло лице добро ќе ви стојат високи опавчиња, затоа што врзан на врвот на главата помага во неутрализирањето на образите. Немојте премногу да ја „мазните“ косата, туку креирајте волумен, затоа што мазно коњско опавче ќе ја нагласи округлоста на лицето. Втората опција е сосема ниско опавче. Креирајте патец на страна низ шишки, а остатокот на косата врзете ја со мало елсатично ластичи.

За оние што имаат коцкаст облик на лице:

коцкасто

-Треба секогаш да ги оставите шишките надвор, за лицето да ви биде во рамка. Најдобро е да биде од двете страни исто. Би било добро ако можете да ја свиткате косата во опавчето, за да добиете „потечен“ ефект и да ги ублажите контурите на лицето со романтичен изглед.

За оние што имаат срцевиден облик на лице:

срцевидно

- Решението со кое ќе го неутрализирате овој облик на лице се шишките на страна. Кога е висината во прашање, најдобро е коњското опавче да биде на средина.

За оние што имаат овален облик на лице:

овално

-Жените со ваков облик на лице, можат да носат опавче какво што сакаат.

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Убавина