Доколку се соочувате со тенка и сува коса овој текст е за вас.
Со вистинската фризура, косата може да добие на волумен и затоа решението може да биде токму во соодветното шишање.
Кратките фризури се едноставен и ефективен начин кој може да ви обезбеди побујна коса.
Во оваа насока, многу е значајно фризурата да ја прилагодите на обликот на вашето лице, па затоа ќе издвоиме и илустрираме неколку предлози.
Ако обликот на вашето лице е срцевиден, со изразени јаболчници, тогаш се препорачува кратка коса шишана степенасто.
За дамите со овално лице, препораката е боб фризура со коси агли.
Косата до рамена е добар избор доколку имате квадратен облик на лицето, а доколку имате округло лице, тогаш „пикси" фризурата е најсоодветна.
Ако формата на лицето е издолжена пак, фризерите препорачуваат боб фризура со страничен патец.