Стајлинзи за секој ден од септември

31 август 2019

Септември е месец за кој многумина велат дека е месецот на нови почетоци. Од друга страна, во септември се збогуваме со летото и ѝ посакуваме добредојде на есента, барем календарски.

Но, токму поради непревидливоста на овој месец, на улиците низ секој град има вистинско модно шоу. Сандали и чизми, маички и блузи, тенки јакни и мантили - сè се носи во септември.

Имајќи го токму тоа на ум, во продолжение одбравме 31 стајлинг за претстојните 31 ден. Сигурни сме дека ќе ви бидат добредојдени кога нема да знаете што да облечете.

Погледнете ги нашите предлози и инспирирајте се.

широки панталони со принт+маичка без ракави со висок околувратник и дискретен принт+чанта во боја+патики

 

црни тесни панталони+бела класична кошула+мантил+чанта околу половина

 

„слип“ фустан со тантела+мантил+мокасини

 

фустан на преклоп+принт+карнери+рамни обувки

 

плисирано асиметрично здолниште+широко палто+ремен

 

макси фустан со принт со точки+патики

 

бели панталони со висок струк+бела маица+долго струкирано палто

 

црн џинс+патики+црна блуза+елек-мантил

 

џинс+транспарентна блузичка со тантела+рамни обувки во интензивна боја

 

здолниште со фалти+кошула на патент+детали од тантела+сребрени чизми до глужд

 

широки панталони во портокалова нијанса+кошула со волуменозни ракави

 

фустан на преклоп+набори+истакната половина во свежа нијанса

 

плисирано здолниште со кариран принт+црна плетена блуза+ремен+впечатлив ѓердан

 

џинс+блуза+класичен мантил

 

црн шорц+маица+широко долго палто во интензивна нијанса

 

тексасен шорц+кошула со принт+сандали на ремчиња

 

фустан на копчиња+тенок ремен+ кожена јакна+патика

 

фустан со животински принт+нагласени ракави+салонки

 

плетена туника-фустан+чизми до колена+модни додатоци

 

џинс+кошула фустан+ремен

 

Миди фустан со низок преклоп+ сандали

 

цветен миди фустан/широко здолниште+бела нежна блуза со нагласени ракави

 

црвено плисирано здолниште+кожена јакна

 

кожени црни панталони со широки ногавици+бела плетена блуза/џемпер+чевли со животински принт

 

беж панталони со шлицеви+кожена јакна со ремен+чевли на висока потпетица

 

црни класични панталони+кошула со животински принт+палто

 

плисирано здолниште во црвена нијанса+широка плетена блуза/џемпер+мокасини

 

панталони до глужд+бела кошула со волуменозни ракави+модни додатоци

 

џинс со 3/4 ногавици+црна блуза со долги ракави+високи потпетици

 

окер панталони со фалти и широки ногавици+тенок џемпер/блуза со V-отвор исто така со фалти.

 

сафари панталони+кошула со принт+модни додатоци

Објавено:
31 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.519 пати