Ив Сен Лоран за 80 фунти!

17 септември 2019

Еден од најсериозните загадувачи на нашата планета е модната индустрија. Овој факт сè повеќе влијае на свеста на луѓето директно инволвирани во индустријата поттикнувајќи ги да размислуваат за изнајдување решенија и начини како да се редуцира штетното влијание. Затоа се поактуелна е еколошката мода, што е за голем поздрав. Но, покрај дизајнерите и модните куќи, не помалку значајна во овој контекст е и нашата улога, на купувачите и конзументите.

Па како наједноставно и директно може да помогнеме во подигнувањето и практикувањето на еколошката свест?

Со изнајмување облека.

Во анализа на магазинот Daily Mail, се пренесува искуството на познатата стилистка Рози Грин, која за себе кажува дека порано била скептична дури и кога било во прашање купување „second hand", но суштински разбирајќи ја сериозноста на степенот на загаденост на Земјата, почнала да размислува во сосема спротивна насока. Сега токму таа е еден од светските промотори на идејата за изнајмување облека.

„Еколошка свест која штеди финансии, придонесува за редуцирање на загадувањето и за чиста совест? Јас сум ЗА", вели стилистката.

Постојат голем број веб страници кои функционираат во насока на оваа стратегија, а концептот кај сите е сличен: изнајмувате облека која што во просек ќе ве чини 10% од цената на производот во регуларна продажба и имате обврска да ја вратите во истата состојба во рокот во кој сте договорени. Притоа изборот на дизајнери и брендови вклучува широк дијапазон, од локални до светски познати луксузни брендови.

Па така ексклузивно парче од луксузниот бренд Ив Сен Лоран што во продажба чини 800 фунти, со изнајмување би ве чинело 80 фунти.

Меѓу сајтовите кои ја поддржуваат оваа политика се: Hurr, Front Row, Nothing To Wear, By Rotation, My Wardrobe HQ...

Што мислите вие за идејата?

Извор и фото: Daily Mail

Објавено:
17 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
598 пати