Амал Клуни ја носи совршената зелена деловна комбинација

25 септември 2019

Познатата адвокатка за човекови права и сопруга на омилениот холивудски актер Џорџ Клуни, Амал ги разубави улиците на Њујорк облечена во совршена есенска комбинација.

За настанот во седиштето на Обединетите нации, прекрасната 41 годишна Амал одбра комбинација составена од елегантно здолниште со висок струк и должина до колената, а истото го збогати со едноставно џемперче од кашмир во крем нијанса и долго палто во иста нијанса како здолништето.

Комплетот во кој таа беше забележана низ улиците на Њујорк е од последната колекција на познатиот бренд Барбери, а неговата цена изнесува повеќе од 3.000 евра.

Неодоливиот есенски комплет таа дополнително го истакна со беж салонки и голема црна чанта од Диор.

Што се однесува до накитот, сопругата на Клуни се одлучи за црни очила за сонце во впечатлива форма и кружни златни обетки како ултимативен хит оваа есен.

Како ви се допаѓа ова издание на Амал?

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
25 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.415 пати