Лесно и вкусно: Пудинг колач со праски!

8 октомври 2019

Секогаш сме расположени за убав и кремаст колач.

Денеска ви даваме предлог да направите пудинг колач со праски.

Деталите во продолжение:

Потребни состојки:

За тесно:

250гр. меко брашно

1/2 прашок за пециво

125гр. маргарин

50 гр. шеќер

1 јајце

Фил:

800мл млеко

2 кесички пудинг од ванила

60 гр шеќер

1 голема конзерва компот од праски

Подготовка:

1.Брашното, маргаринот, шеќерот, прашокот за пециво и јајцето измешајте ги заедно во здела и замесете мазно тесто.

2. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во ладилник околу 30 минути. 

3. Додека тестото стои, подгответе го кремот од ванила. Пудингот помешајте го со шеќерот и малку млеко, а остатокот од млекото сварете го и додадете го пудингот. Мешајте додека не се направи компактна смеса.

4.Оставете го од страна малку да се излади, па прекријте го со транспарентна фолија за да не се создаде кора на врвот. 

5. Праските исечете ги на коцки и добро исцедете ги.

6. Тестото развлечете го и со него обложете го калупот за торти кој претходно е подмачкан со масло и малку брашно.

7. Тестото нека биде малку издигнато и на страничните рабови на калапот. Тестото премачкајте го со млакиот крем од ванила, а потоа одозгора наредете ги парчињата праски. 

8. Колачот печете го 30 минути на температура од 160 степени.

9.Пред да го послужите, добро изладете го.

На здравје!

Објавено:
8 октомври 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.535 пати