Националната опера и балет, на 15 октомври 2019, со почеток во 20.00ч. Ви ја најавува трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.
КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА, опера на Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева.
Настапуваат солистите: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска Мадевска како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
Билетите може да ги купите и резервирате на Билетарница: 02 3118-451 или онлајн www.operabalet.mk;