„Изгубени во Токио“-Free People го промовираше новиот каталог за октомври 2013
•
30 септември 2013
Токио има некоја посебна магија. Прометните улици, силните неонски светла, елегантните, модерни мегаломански згради во контраст со античките храмови и спокојните зелени градини полни со цветови и раскош, богати сценарија кои инспирираат уште покреативни фото-приказни.
Концептот на приказната за новиот каталог на Free People е да се пронајдеме себе во големиот град каде се чувствуваме изгубени. Со широко отворени очи да го поттикнеме нашето истражувачко чувство и големо откритие за тоа кои сме и како да бидеме поразлични од толпата. Каталогот го сликаше Гај Ароч, а улогите на изгубени девојки кои се во потрага по сопствената личност се Елса Хоск и Ејми Курода. Погледнете ја галеријата и уживајте: