Среда во миди здолниште и бела ролка
•
27 ноември 2019
Добро утро! За оваа среда ви подготвивме една колоритна комбинација. Во фокус е миди здолниште во виолетова нијанса со шлиц од предната страна.
Оваа интензивна нијанса е смиена со бела ролка, над која пак има кошула. Можеби не толку стандардна комбинација, но мошне складна во конкретниов случај.
Стајлингот е заокружен со окер чизми, кои се совршен контраст на здолништето и бела чанта.
Ви посакуваме оваа среда да ви биде исполнета со најубави бои :)