Клаудија Шифер дизајнира очила за сонце
•
1 октомври 2013
Супермоделот Клаудија Шифер во последните неколку години осамна во бројни кампањи на дизајнерски брендови како заштитно лице на нивните очила за сонце, па сега и самата се одлучи да лансира своја линија.
Таа одлучи силите да ги здружи со германскиот бренд Роденсток и дизајнираше колекција женски очила за сонце кои ќе бидат во продажба во јануари 2014. Инспирацијата ја пронајде во периодот на 1970-ти години и гламурот, па во колекцијата се очекуваат предимензионирани рамки кои пред се ќе изгледаат безвременски и неверојатно елегантно.