Во Атланта викендов се одржа изборот за убавина „Мис Универзум 2019“. За разлика од претходните избори, за овој се крена малку повеќе прашина.
Имено, победничка е Зозибини Тунзи од Јужна Африка, а честитки и поддршка за 26-годишната Афроамериканка пристигнуваат од целиот свет.
Многумина посебно ги трогна нејзината изјава по изборот:
„Израснав во свет во кој жените кои изгледаа како мене, со кожа и коса како мојата, никогаш не беа сметани за убави. Време е тоа да престане денес. Вечерва вратата беше отворена и не можам да сум поблагодарна што јас бев една од оние што влегоа низ неа. Се надевам дека сите мали девојчиња кои посведочија на овој момент секогаш ќе веруваат во моќта на нивните соништа и во моето лице ќе го видат нивното“.
Мошне интересно е што оваа година, изборите за убавина поминаа во знакот на Афроамериканките и нивната егзотична убавина.
Имено, титулите „Мис Америка“, „Мис Тин САД“ „Мис САД“ им припаѓаат на Афроамериканки, што досега не се случило.
Miss Universe is Black.
— xoNecole (@xonecole) December 9, 2019
Miss America is Black.
Miss USA is Black.
Miss Teen USA is Black.
A first ever.
A mood forever!! #Blackgirlmagicwinsagain pic.twitter.com/vo101ksyXA
„Она на што треба да ги учиме младите девојки и жени е лидерството, тоа општеството порано не го дозволуваме. Сметам дека жените се најмоќните суштества во светот и дека треба да ни се дадат сите можности. На тоа треба да ги учиме младите девојки, да го заземат својот простор. Ништо не е толку важно колку наоѓањето и заземањето на своето место во општеството", изјави Тунзи за време на изборот.
Оваа нејзина изјава многу ѝ се допадна на Опра, која преку својот Твитер профил ја повика да биде дел од нејзината академија за лидерство.
Congratulations Miss South Africa, the new Miss Universe @zozitunzi! Agree with you...leadership is the most powerful thing we should be teaching young women today. We welcome your visit to #OWLAG, our Leadership Academy for Girls https://t.co/YL0NeO40QU
— Oprah Winfrey (@Oprah) December 9, 2019
За потсетување, првата Афроамериканка што беше избрана за „Мис Универзум“ беше претставничката на Ботсвана во 1999 година. Во 2011 година победничка беше претставничка на Ангола, а осум години подоцна тоа е прекрасната Зозибини.
Пред две години победничка беше исто така претстаничка на Јужна Африка, но не и Афроамериканка.
Инаку, на годинашниот избор, Мис Порторико е прва придружничка, додека Софија Аргон од Мексико е втора придружничка.
Овој избор беше забележен и поради тоа што на него зема учество натпреварувачка која одлучи јавно да ја признае својата хомосексуалност, што се случува за првпат во историјата на изборите за убавина. Се работи за „Мис Мјанмар", Сви Зин Хтет. Таа изјави дека доаѓа од земја каде што хомосексуалноста не се прифаќа воопшто, но таа не сака да молчи и да се крие.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Постојат коментари и дека изборот е политички, да се сврти вниманието кон Афроамериканците кои сметаат дека се уште не се доволно инволвирани во светот.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од актуелната „Мис Универзум“.
фото: Instagram.com/#missuniverse