Џеси Џеј: Сè на мене е природно... и целулитот!

25 декември 2019

Пејачката Џеси Џеј вчера на Инстаграм објави видео од нова фотосесија во која позира во транспарентен фустан.

Но, освен тоа, вниманието го привлекоа и зборовите кои стоеја под објавата:

„Единствената работа на целото мое тело што е лажна, се двата заба до моите предни големи заби. Некогаш изгледаа како мали пченки. Сè друго е природно. И целулитот исто така.“, напиша пејачката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by J E S S I E . J (@jessiej) onDec 23, 2019 at 10:18pm PST

Под објавата се редеа коментари за тоа дека изгледа прекрасно.

Инаку, да, таа е една од ретките кои одлучи да ја негува природноста и да не чувствува потреба да стави силикони или да прави други корекции.

Генерално, таков е случајот и со други пејачки, пред сè од помладата генерација, меѓу кои Дуа Липа, Селена Гомез...

Природниот изглед како тренд почна да се наметнува уште пред неколку сезони, но изгледа неговото влијание станува сè поголемо, а за тоа придонесуваат и токму ваквите објави од личности кои како јавни ја имаат моќта да влијаат.

Објавено:
25 декември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.670 пати