Легендарниот македонски кошаркар Буштур загина во сообраќајна несреќа

30 јануари 2020

Вчеравечер во сообраќајна несреќа, животот го загуби легендарниот македонски кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур.

Несреќата се случила во скопската населба Кисела Вода, каде најверојатно поради лизгавиот коловоз Буштур изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски блок, при што загинал на самото место.
Благоја Георгиевски е роден на 15 октомври 1950 во Скопје и е еден од најпознатите и најуспешните поранешни македонски кошаркари и југословенски репрезентативец.

Својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите.

Георгиевски бил и амбасадор на Специјалните Олимписки Игри.

Од 1997 година Благоја Георгиевски Бупштур е член на Клубот на великаните на Македонскиот олимписки комитет.

Фото: Facebook

Објавено:
30 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
406 пати