Понеделник во бела кошула и широко здолниште
•
24 февруари 2020
Новата работна недела ја започнуваме со деловен стајлинг на денот. Нашиот денешен предлог е комбинација составена од бела кошула со трендовски широки ракави и висок околувратник, која одлично го смирува широкото здолниште во впечатливи сини нијанси.
Здолништето е во широк крој, со висок струк кој ја истакнува половината и џебови што му дава тренди нота, а должината под колена го прави идеално и за работното место.
Во конкретниов случај, изборот на обувки се чевли со ремче, но вие можете да ги замените со чизми до глужд или чизми или пак со салонки.
Со капут во темносина нијанса и чанта стајлингот е заокружен.
Нека оваа недела ви започне успешно!