Одложено отворањето на изложбата фотографии на Ерина Богоева поради новата ситуација со коронавирусот

9 март 2020

Поради новата ситуација со коронавирусот во нашата земја, откако Министерството за здравство денеска официјално соопшти дека позитивна на вирусот е докторка, а воедно и директорка на една од клиниките, се одложува и отворањето на изложбата фотографии „Мистеријата зад женскиот поглед" на нашата фотографка Ерина Богоева.

Официјалното отворање на изложбата беше закажано за денеска со почеток во 19 часот во просториите на Europe House во Скопје, но поради ситуацијата изложбата е одложена на неодредено време.

„За жал изложбата за денес се одложува заради ново настанатата ситуација со коронавирусот кај нас. За нов датум ќе бидете наскоро известени! Мое извинување и огромна благодарност до сите кои дадоа поддршка за вечерашниот настан. Криво ми е што нема да се видиме, но изложбата ќе биде поставена на некој поубав и посончев ден!", соопшти Богоева.

Инаку изложбата во чест на месецот на жената, во својот фокус ги поставува портретите на млади и амбициозни жени од различни професионални сфери.

Објавено:
9 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
367 пати