Вторник во црно-бела комбинација
•
24 март 2020
Добро утро. Се надеваме дека нè читате од своите домови и ги почитувате сите препораки и мерки. Оние што денес сепак мораат да излезат, за нив подготвивме предлог-комбинација во склад со новите временски услови.
Нашиот денешен предлог е црно-бела комбинација составена од тесни црни фармерки со висок струк и бел плетен џемпер. На тоа е додаден бел капут со должина до колена со црни копчиња, а стајлингот е заокружен со црни чизми до глужд, црна чанта и очила за сонце.
Можете да додадете и волуменозен шал и капа.
На сите ви посакуваме убав ден и добро здравје.