Принцот Чарлс позитивен на коронавирусот

25 март 2020

Агенцијата Асошиејтед прес предмалку ја пренесе веста дека британскиот принц Чарлс е позитивен на тестот за коронавирусот, а информацијата официјално ја потврдија и од Британското кралско семејство.

Како што пренесува агенцијата, 71-годишниот принц од Велс имал благи симптоми на вирусот.

„Тој покажува благи симптоми, но е во општа добра здравствена состојба и последниве неколку денови, работи од дома како и вообичаено", се вели во соопштението.

Војвотката од Корнвел, Камила Паркер исто така се тестирала за Ковид-19, но кај нејзе тестот бил негативен.

Во моментов и двајцата се во самоизолација во замокот Балморал, во Шкотска.

„Невозможно е да се утврди од кого се заразил принцот, имајќи ги во предвид бројните активности што ги имаше во јавноста изминативе недели", се вели во соопштението на кралското семејство.

Од Бакингемската палата соопштија дека принцот Чарлс последен пат се видел со неговата мајка, кралицата Елизабета, на 12. март.

Објавено:
25 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.002 пати