Ако сте сонувале да сте на филмски сет со Леонардо Дикаприо, сега е вашата шанса

16 април 2020

Да, вистина е. Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо ве предизвикува да учествивате во хуманитарната инцијатива што тој ја покрена во рамките на огранизацијата Американски фонд за храна, со што добивате шанса за потенцијално учество на филмски сет заедно со него и со Роберт де Ниро.

Фото: Variety.com

Еве за што се работи.

Предизвикот #AllinChallenge од вас бара да донирате онолку колку сте во можност преку страната allinchallenge.com, од каде средствата ќе бидат наменети за храна за најпогодените семејства од пандемијата во Америка.

Еден среќен фан што ќе го исполни овој единствен услов, ќе има можност да се дружи еден ден на филмски сет со двајцата маестрални актери во новиот филм што го режира Мартин Скорсезе, „Killers of the Flower Moon".

„Ако некогаш сте се прашувале, како е да се работи со мене, со Роберт де Ниро и Мартин Скорсезе, сега е вашата шанса да дознаете. Роберт и јас ќе играме во новиот филм на Скорсезе. Нашата понуда е можноста да поминете еден ден на сет со нас и да присуствувате на премиерата на филмот", објави Лео на неговиот Инстаграм профил.

 

Овој предизвик актерот кој е познат филантроп, го иницираше со цел да се зголеми свеснoста за идејата на неговата хуманитарна организација Американски фонд за храна, што ја покрена заедно со вдoвицата на Стив Џобс, Лорен Пауел Џобс.

Мисијата на Фондот е да им помага на семејствата со ниски приходи, стари лица, семејства со намалени приходи за време на пандемијата и семејствата чии деца користат бесплатен оброк во училиштата.

Откако на 1 април започна да функционира, оваа организација само во првите 72 часа успеа да собере 13 милиони долари за најзагрозените категории од пандемијата во Америка.

Извор: E!

 

Објавено:
16 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
811 пати