Стилот не се купува со пари, а тоа може да се види од изборот за најдобар и најлош стајлинг за оваа недела.

За WOW на неделата ја избравме Џенифер Лопез која на кампањата за човекови права се појави во креација на Зухаир Мурад, тоалета во вино боја од свила и тул. Пејачката и актерка изгледот го надополни со минимална шминка, чанта и едноставна фризура.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

За LOL на неделата ја избравме Ким Кардашијан. Иако е за пофалба што за кратко време по бременоста успеа да ја намали телесната тежина, сепак изборот на тоалета за модната недела во Париз е тотална утка. Фустанот кој е креација на Рикардо Тисци воопшто не одговараше на нејзината структура, а со отвореното длабоко деколте Ким повеќе изгледаше ефтино, отколку што остави впечаток на вистинска мајка и дама во секој поглед. Токму поради тоа, нејзиниот стајлинг е избран за најлош за оваа недела.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Објавено:
8 октомври 2013
Категорија: 
Без категорија