Џиџи Хадид и Зејн Малик го очекуваат првото дете
•
29 април 2020
Топ моделот Џиџи Хадид и музичарот Зејн Малик го очекуваат првото дете, информираат TMZ и DailyMail.
Како што пренесуваат странските медиуми, Џиџи е во 20-та недела од бременоста, но парот се уште официјално не ја потврдил информацијата.
Малик и Хадид ја обновија својата врска во декември, откако од 2018-та беа разделени, а минатиот викенд заедно го прославија 25-от роденден на манекенката.
Во една прилика таа изјави: Секако дека како стареам размислувам за семејство и не знам дали секогаш ќе се занимавам со моделинг.