Меган Маркл и принцот Хари објавија фотографии од првиот роденден на Арчи!

7 мај 2020

Вчера Арчи го прослави првиот роденден, а гордите родители Меган Маркл и принцот Хари, не чекаа да ја споделат среќата со јавноста, па објавија неколку фотографии од домашната прослава во нивниот нов дом во Лос Анџелес.

На фотографиите што ги направи принцот Хари, Меган Маркл на малиот славеник му ја чита омилената сказна „Duck, Rabbit!", а од истата атмосфера е направено и симпатично видео.

Земајќи предвид дека овие фотографии и видео ќе предизвикаат големо внимание кај јавноста, Меган и Хари го искористија моментот уште еднаш да испратат апел за хуманитарни донации за храна и материјал за учење, за децата од најзагрозените категории погодени од пандемијата. Од самиот почеток на кризата, парот ги помага кампањите @savewithstories во САД и @savechildrenuk во Британија, чија целна група се социјално загрозените деца.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by #SAVEWITHSTORIES (@savewithstories) onMay 6, 2020 at 4:11am PDT

„30 милиони деца зависат од оброкот во нивните училишта. Одговарајќи на потребите на овие деца, додека училиштата се затворени, @savethechildren и @nokidhungry формираа нов фонд @SAVEWITHSTORIES за поддршка на банките за храна и мобилниот превоз за храна, како и општинските програми со фондови, за да го прават она што најдобро го знаат...", се вели во дел од описот под фотографиите објавени на Инстаграм.

Честитка за првиот роденден на Арчи стигна и од британското кралско семејство, кои се огласја и преку нивниот официјален профил на Твитер: Среќен роденден на Арчи кој денеска го слави својот прв роденден!, стои во честитката.

Арчи е осмиот правнук на кралицата Елизабета.

 

Објавено:
7 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.871 пати