Задолжително со маска на лице, според сите објавени фотографии од јавни места, Анџелина Џоли очигледно секогаш ги почитува превентивните мерки за заштита од коронавирусот, што е за поздрав.
А покрај тоа што ги почитува протоколите, секогаш е стилизирана беспрекорно, па затоа многу често модните медиуми ја издвојуваат во своите листи за најдобро облечени јавни личности.
Во неколку наврати оваа летна сезона, ја издвоивме како пример што треба да се следи во однос на изборот на соодветни парчиња од летниот гардеробер, а денеска продолжуваме со уште еден предлог за одличен стајлинг што соодветно може да се адаптра на сечија силуета и на секоја возрасна група.
Иако Џоли е препознатлива по темните бои во нејзиниот имиџ, понекогаш знае да направи исклучок со посветли комбнаци, што патем одлично ѝ прилегаат.
Во овој случај, таа носи женствен и елегантен макси бел, плисиран фустан, надополнет со кафен ремен што ја потенцира половината и влечки во истата нијанса. Толку едноставно, а толку совршено.
Фото: Harper's Bazaar/Backgrid