Добро утро. Новата работна недела ја започнуваме стандардно со Стајлинг на денот. Нашиот денешен предлог е фустан на преклоп, без ракави во бела нијанса.

Со едноставен крој и линија, тој е во комбинација со широк ремен во сива нијанса, со што може да го прилагодите на телото.

Дискретни обетки во истите нијанси, како и очила за сонце се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот. Обувките не се прикажани на фотографијата, но чевла со висока потпетица, или доколку сакате нешто удобно, чевли со широка и пониска потпетица ќе бидат супер избор.

Имајте убава работна недела.

Објавено:
10 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.158 пати