Базично парче без кое немаме комплетен аутфит овој период од годината, секако е капутот.
Клучно модно парче при чиј избор треба да посветиме внимание на квалитетот, кројот и дезенот, така што ќе одговара пред сè на нашиот стил и лесно ќе го комбинираме со остатокот од гардероберот.
Есенската линија на капути на нашиот моден бренд Елена Лука нуди фантастичен избор на квалитетни и елегантни модели изработени од префинети материјали, што ќе го задоволат сечиј вкус.
Карираните капут во неколку различни варијанти, со миди должина и удобен крој, се особен моден хит оваа есен, па доколку планирате да се подновите со нов модел годинава, ова е вистинскиот избор.
Покрај карираните исто толку атрактивни се и еднобојните модели со опција за врзување околу струкот, што се застапени во широк избор на нијанси и ќе ги комбинирате и во секојдневни и во елегантни аутфити во текот на целата сезона.
Кој е вашиот избор?
Нарачајте онлајн на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во опуштениот и безбеден шопинг.