Емили Ратајковски откри дека е бремена и го очекува своето прво дете

27 октомври 2020

Познатиот топ модел Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг, продуцентот Себастијан Беар Меклард го очекуваат нивното прво дете.

Веста вчера ја соопшти Ратајковски со видео на нејзиниот Инстаграм профил.

На видеото, кое го режираше нејзината пријателка, режисерката и актерка Лена Дунам, Емили во повеќе кадри е гола и го покажува трудничкиот стомак.

„Прв пат те сонував минатата ноќ. Се прашуваме кој/а ќе си", напиша познатата идна мајка.

Други детали околу бременоста до сега не се откриени.

Инаку, Ратајковски и Меклард стапија во брак во 2018 година, на церемонија во Њујорк која беше изненадувачка и неочекувана за сите.

Објавено:
27 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
869 пати