Британската пејачка Џеси Вер сними спот во Синиот воз на Тито

6 март 2020

Британската пејачка Џеси Вер ги изненади обожавателите со неколку нови песни, кои се најава за новиот албум „What's your pleasure“ кој треба да излезе во почетокот на јуни годинава.

Меѓу новите песни е и песната „Spotlight“, чиј видео-запис беше промовиран минатата недела. Интересно е тоа што во создавањето учествувала екипа од Белград, каде е и сниман.

Режисер на истиот е Јован Тодоровиќ, а за локација е одбран Синиот воз на Тито.

 Во интересна атмосфера, со совршени модни комбинации и музика, пејачката и композиторка уште еднаш покажа дека е поразлична и вредна за внимание.

Крајот на спотот е посебно впечатлив, бидејќи се работи за видување на ромска свадба, со балканска музика и трубачи.

„Песната е мелодраматична, романтична и го претставува сето она што јас го сакам“, вели пејачката во својата Инстаграм објава.

 

За потсетување, првиот албум на Вер излезе во 2012 година, а е насловен како „Devotion“ и се најде на петтото место на англиската топ листа на најдобри албуми.

Синиот воз што некогаш му беше достапен само на Тито, сега е достапен за туристичка обиколка. Секој што сака да патува и да види се врати годинини наназад, може да го стори тоа, плаќајќи си уредно влезница.

Првата тура се реализираше на 29. ноември минатата година. Раскошната внатрешност на возот е непроменета и после повеќе од половина век, а токму тоа е она што ги привлекува туристите од Балканот, но и Европа, Азија...

Промотивната цена на турата во траење од два дена(од Белград до Ужице) изнесува нешто повеќе од 100 евра по лице. Цената вклучува возење во Синиот воз во двата правца, услуга во возот, сместување на Златибор во хотел со 4* (полупансион), локалсни трансфери и разгледување на Ужице.

Објавено:
6 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
368 пати